среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија пократка за уште едно име, Етеми откажа пред собирот

Македонија пократка за уште едно име, Етеми откажа пред собирот

Македонија остана пократка за еден фудбалер во тимот за дуелите со Украина и Англија, затоа што Ваљон Етеми го откажа настапот за националниот тим.

Причината што крилниот играч на Истанбулспор нема да биде во составот е повреда, за тоа веќе го информирал селекторот Благоја Милевски. Ова е уште еден проблем во офанзивната линија затоа што од претходно Дарко Чурлинов и Бојан Миовски принудно ги откажаа настапите.

Засега, предводникот на најдобрата селекција на Македонија нема да повикува нов играч, а од ФФМ најавија дополнителни информации ако се повика ново име во составот.

Македонија прво дома игра со Украина, а потоа гостува кај Англија на „Олд Трафорд“.