четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија преку Лигата на нации може до бараж за ЕП 2024

Македонија преку Лигата на нации може до бараж за ЕП 2024

Објавен е патот кон Европското првенство 2024 година во Германија, македонската А репрезентација повторно ќе има можност преку Лигата на нации, и дополнителен бараж да се пласира на уште едно големо натпреварување, пренесува УЕФА.

Селекциите кои нема да успеат да се најдат на следното ЕП преку главните квалификации, втора шанса е Лигата на нации со успешен настап во дивизиите „А“, „Б“ и „Ц“.

Последната дивизија „Д“, преку која успеавме во првото издание од натпреварувањето да обезбедиме настап на Евро 2020, овојпат нема место, бидејќи само седум селекции играат во овој сегмент.

Во последната Лига „Ц“ се наоѓа Македонија, односно во групата „Ц4“ со Бугарија, Ерменија и Гибралтар.

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

Исто како во првото издание, победниците во сите четири групи на Лигата „Ц“ ќе играат во баражот со полуфинале и финале (во јуни 2023) до „билет“ за ЕП 2024.

ЛИГА Ц:

Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција

Група 2: Косово, Кипар, Грција, Северна Ирска

Група 3: Азербејџан, Казахстан, Белорусија, Словачка

Група 4: Македонија, Грузија, Гибралтар, Бугарија

Доколку некоја од првопласираните обезбеди директен пласман на континенталниот собир преку квалификациите, следната најдобра во дивизијата ќе добие шанса преку баражот.

Преку главните квалификации (жрепка 9 октомври 2022) вкупно 20 репрезентации ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2024, значи, првопласираните две од секоја група, а последните три земји ќе ги дознаеме преку Лигата на нации со бараж-фајналфор во дивизиите „А“, „Б“ и „Ц“.