среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија со офанзивна формација против Ерменија, Јаховиќ, Трајковски и Чурлинов од почетокот

Македонија со офанзивна формација против Ерменија, Јаховиќ, Трајковски и Чурлинов од почетокот

Македонската фудбалска репрезентација по ЕУРО го има првиот официјален меч, квалификации за светското првенство, на кој дебитира Благоја Милевски на селекторското столче.

Милевски важи за тренер кој „не знае да калкулира“, па така според најавите вечерва против лидерот Ерменија во групата ќе игра со максимално офанзивен состав.

Оваа Македонија ќе биде поинаква во однос на ЕУРО, бе Горан Пандев, но костурот е тој, се оекува вечерва на арената „Тодор Проески“ да истрчаме со офанзивен тим, со Адис Јаховиќ, Александар Трајковски и Дарко Чурлинов од Шалке, тој за прв пат би бил стартер во националниот А-тим.

Состав на Македонија против Ерменија:

Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски во одбраната, во средниот ред, Барди, Спировски и Елмас, и во нападот, Трајковски, Чурлинов и Јаховиќ.