среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија со утринска прошетка низ Рејкјавик ги „наполни батериите“ (ВИДЕО)

Македонија со утринска прошетка низ Рејкјавик ги „наполни батериите“ (ВИДЕО)

Репрезентативците на Македонија се наоѓаат во Исланд, во пресрет на попладневниот натпревар против овој ривал во квалификациите за Светското првенство.

Избраниците на Благоја Милевски вчера тренираа и ги продолжија мини-подготовките за натпреварот од петтото квалификациско коло. Бидејќи нема многу време меѓу дуелите, јасно е дека темпото на тренинзите мора да е намалено, а утрово репрезентативците ги „наполнија батериите“.

Фудбалерите на Македонија утрово со кратка прошетка низ Рејкјавик, наместо на терен за натпреварот се подготвија во убавините на главниот град на Исланд. Дуелот на стадионот „Лаугардалсволур“ ќе се одигра денес со почеток од 18:00 часот.