понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија создаваше шанси, Грузија постигнуваше погодоци

Македонија создаваше шанси, Грузија постигнуваше погодоци

Македонската фудбалска репрезентација во рамките на предпоследното коло од групата 4 во Лигата на Нации на гостувањето во Тбилиси е поразена од Грузија со 2-0.

Македонската фудбалска репрезентација добро го започна мечот, имаше одлична контрола на играта и доминираше на теренот.

Стефан Спировски прв се закани кога влезе во шеснаесетникот и беше згазнат од противнички дефанзивец, но судијата Иван Кружлиак процени дека нема доволен интензитет во тој старт за да покаже на белата точка, а не дови инструкции ниту од ВАР-собата за евентуален удар од белата точка.

Елиф Елмас беше следниот кој предизвика бура во одбраната на Грузија, но немаше поголем ефект.
Во 20.минута, Енис Барди се обиде од слободен удар, но директно во Ѓерѓи Мамардашвили.

Грузија се ослободи од притисокот, а првата сериозна закана дојде од Ѓорги Абурџанија. Тој шутираше одлично во 34.минута, а уште подобра беше интервенцијата на Столе Димитриевски кој исфрли во корнер.

Само една минута подоцна, Квича Кварацкелија продре по десната страна, уфрли во петерецот, а топката го погоди Бојан Миовски и заврши во мрежата на нашата фудбалска репрезентација. До крајот на првиот дел Грузијците имаа уште два обиди, но крај голот на Димитриевски. Со 1-0 заврши првото полувреме.

Второто полувреме добро го отворивме и првата шанса ја имаше Елиф Елмас во 46 минута. Нова можност имавме во 48 минута пак преку Елмас да постигнеме гол, но неговиот удар со глава заврши во рацете на домашниот голман.

Во второто полувреме се редеа нови шанси, прво колосална можност имаше Миoвски , не погоди, за потоа и Алиовски со удар од далечина не погоди за израмнување.

По подолго време шанса и на другата страна во 55.минута, Кварацкелија кој се обиде со удар од далечина , но топката заврши покрај голот на Димитриевски.

Казната за промашувањата повторно не стигна во 64.минута. По една кардинална грешка во нашата одбрана до топката дојде Зивзивадзе кој несебично го проигра Кварацкелија , кој зголеми на 2-0 за домашната репрезентација

Голема шанса Грузија имаше во 72.минута преку Зивзивадзе кој сам излезе пред нашиот гол, но промаши и не постигна гол.

Можност да го намалиме водството имавме во 79.минута, кога Барди од слободен удар прецизно биеше, но голманот на Грузија со неверојатна одбрана успеа да го одбрани ударот на нашиот репрезентативец.

На крајот конечниот резултат беше во корист на домашната репрезентација ,иако нашата фудбалска репрезентација одигра одличен меч на кој што пропушти неколку идеално шанси за кои подоцна беше казнета.

Последниот натпревар од овој циклус натпревари во Лигата на Нации го играме на домашен терен во понеделник против Бугарија 20.45 минути.