петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија во изедначен меч поразена од Украина

Македонија во изедначен меч поразена од Украина
Македонската фудбалска репрезентација во рамките на квалификациите за пласман на ЕП наредната година кое ќе се одржи во Германија во Прага во крајно изедначен меч со многу шанси на двете страни загуби од Украина со 2-0.
По почетното одмерување на силите на првата шанса се чекаше до 12.минута откако првата шанса на мечот ја имаа фудбалерите на Украина преку Довбик кој прв се закани кон нашите гол . но нашиот голман Димитриевски одбрани и ја исфрли топката во корнер.
Најсериозната шанса ја имаше Мудрик во 18.минута откако се ослободи по десната страна сам излезе пред нашиот голман , беше себичен не ја додаде биеше на првата статива каде Столе Димитриевски повторно одбрани .
Македонија првата шанса ја имаше преку Миовски во 21.минута кога шутираше од прва по одличното проигрување, но интервенираше голманот на домашната репрезентација Трубин.
Украина со 1-0 среќно поведе во 30.минута преку Судаков кој биеше од далечина ,топката удри во еден од нашите фудбалери , го смени правецот го измами Димитриевски и заврши во нашиот гол.
Во 36-та и 37-та минути две колосални шанси за Македонија кои не ги искористивме преку Миовски и Ашковски, поточно и двата удара ги одбрани Трубин.
Македонија пропушти уште еднаш шанса во 43.минута преку Елмас кој одлично се отвори и биеше од работ на шеснаесетникот покрај голот на Украина .Со еден 1-0 во корист на Украина заврши првото полувреме. Вториот дел стартуваше со голема можност за Украина.
Сам пред голот очи во очи излезе Довбик со Димитриевски и го промаши голот во 51 минута.
Веднаш во следниот напад и Македонија имаше одлична шанса , но не успеавме да реализираме преку Чуелинов .Штета.
Две големи можности и за Украинците потоа преку Мудрик во 59 минута каде Димитриевски импресивно интервенираше.за потоа и пречката да биде наш сојузник во 60 минута по ударот на Матвиленко.
Во 70.минута се обиде и Барди од далечина, но неговиот шут заврши над голот на Украина.
77.минута нова можност за Украина, сега од далечина се обиде Мудрик, но резултатот остана и натаму 1-0. Шанса да зголеми за Украинците имаше Судаков кој од далечина испрати силен удар.но Димитриевски повторно одлично одбрани , топката заврши прво во пречката па потоа во корнер по неговата интервенција.
Димитриевски уште еднаш во финишот не спасуваше и тоа во 87. минута кога спаси сигурен гол по шутот на Јаремчук. Конечните 2-0 ги постави Караваев во судиското nadopolnuvawe од мечот .
Последните два меча Македонија во квалификациите ги игра во ноември каде најпрво гостуваме на Италија за потоа на домашен терен ја пречекаме Англија.