недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на двомеч со БиХ

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на двомеч со БиХ

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ќе одигра двомеч на гостински терен со соодветната селекцијата на Босна и Херцеговина.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски првиот тест со врсниците на БиХ ќе го одиграат денеска, а вториот контролен натпревар е закажен за в петок.

Двомеч меѓу двете држави ќе одиграат и репрезентациите У18. Овие средби се закажани за 18 и 20 февруари во Скопје.

Овој месец активности ќе има и македонската репрезентација до 19 години. Оваа селекција ќе игра два натпревара со Грузија на 25 и 28 февруари во Скопје. (МИА)