среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација освои бод на гостувањето кај Грузија

Македонската фудбалска репрезентација освои бод на гостувањето кај Грузија

Македонската фудбалска репрезентација се избори за нерешен резултат на гостински терен против Грузија играјќи нерешено 1:1.

Бодот за „црвено-жолтите“ е со голема тежина ако се знае дека последните 30 минути Грузијците имаа фудбалер повеќе поради исклучувањето на Висар Муслиу.

На дуелот којшто се играше во рамките на 2. коло Ц-дивизија Група-2 во Лигата на нации, домаќините поведоа од пенал во 13. минута преку Торнике Окриашвили. Конечните 1:1 ги постави Стефан Ристовски по асистенција на Пандев во 33. минута од првото полувреме.

По две кола двете репрезентации имаат по четири бода, Ерменија има три, последна на табелата е Естонија без освоен бод. (МИА)