На ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, македонската репрезентација се најде на 72. место. Овој пласман е за 10 позиции послаб од претходните рангирања на 7 април и на 27 мај.
Од ривалите на Македонците во квалификациите за Светското првенство 2022, најдобро рангирана е Германија (16), Романија е 45-та, Исланд 53-ти, Ерменија се наоѓа на 88. место, Лихтенштајн е 189-ти.
Лидер е Белгија, пред Бразил и Франција.
Во Топ 10 уште се: Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.