Македонската фудбалска репрезентација вечер е домаќин на Украина во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Украина.
За двете репрезентации ова ќе биде втор натпревар во квалификациите. Во првото коло Македонците беа поуспешни од Малта, додека Украинците загубија од Англија.
Капитенот на „црвено-жолтите“ Стефан Ристовски с енадева дека со голема поддршка од навивачите може да се дојде до добар резултат.
– Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат, истакна Ристовски.
Натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.