Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа пред нов голем предизвик на 24 март во Палермо, и гостуваме на Италија во плејофот за пласман на светското првенство во Катар
Адис Јаховиќ отпадна од првичниот список на Боби Милевски, а на негово место е повикан Ердон Даци од екипата на Вестерло од Белгија.
Собирот на нашата најдобра репрезентација е закажан за вечерва во 20:00 часот, а првиот тренинг ќе го има во понеделник од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека на пат за Палермо се тргнува во вторник во попладневните часови.