среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонската репрезентација 64. на ранг-листата на ФИФА

Македонската репрезентација 64. на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА на која се наоѓа на 64. место.

На послабиот рејтинг влијаеја двете порази на македонските фудбалери во септемврискиот циклус во Лигата на нации, од Грузија (0-2) на гостински терен и од Бугарија (0-1) во Скопје.

На чело на ранг-листата на ФИФА останува Бразил, пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.