четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ВО ЦРНО: Почина македонскиот фудбалер Ѓорѓе Џонов

МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ВО ЦРНО: Почина македонскиот фудбалер Ѓорѓе Џонов

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно по трагичната вест за смртта на поранешниот фудбалер на Силекс, на Металург, на Беласица и на Кожув, Ѓорѓе Џонов (30) кој почина по долгата борба со рак на белите дробови.

Џонов (30) се бореше со ракот на белите дробови, а македонската јавност пред две години се мобилизираше за собирање на неопходните 100.000 евра за негово лекување во Турција.

Џонов во текот на кариерата играше за неколку македонски тимови, а последен му беше гевгелиски Кожув.