среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонскиот фудбалски шампион со негатива ќе патува во Исланд

Македонскиот фудбалски шампион со негатива ќе патува во Исланд

Струга Трим и Лум не успеа да ја искористи преднсота од домашен терен и денеска загуби во баражот со Бреидлабик на стадионот „Билјанини извори“ во Орхид, па сега со минимална негатива ќе патува на реваншот во Исланд кој се игра наредната недела.

Македонскиот првак влезе со големи амбиции во овој дуел, отвори одлично и имаше неколку добри шанси, а мора да се признае дека среќата не беше на нивна страна.

Струга прва ја тресеше мрежата и погоди преку Шабани за 1:0, но по прегледување на снимката, истиот беше поништен поради прекршок врз противничкиот дефанзивец.

За работите да бидат уште полоши, првата посериозна акција на спротивната страна заврши со гол, откако Гунлаугсон се прошета низ одбраната на домашниот тим и силно биеше во мрежата за 0:1.

Ова ги натера избраниците на Шпетим Дуро да тргнат уште поофанзивно кон противничкиот гол, имаа доста шанси, но топката едноставно не влезе во мрежата на гостите од Исланд. Стружани ја погодија и гредата во овој дел од играта, а на крајот нервозата си го направи своето и Згуро беше исклучен поради втор жолт картон.

Струга со минимален пораз ќе патува во Исланд, но со оглед прикажаната игра дефинитивно има на што да се надева, па и да верува во победа на гостински терен која би донела пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.