вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МОРА ДА ЈА НАПУШТИ УКРАИНА – фудбалерот пред само неколку недели потпиша, но МНР апелира да си дојде

МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МОРА ДА ЈА НАПУШТИ УКРАИНА – фудбалерот пред само неколку недели потпиша, но МНР апелира да си дојде

Ѓоко Зајков како што стојат работите ќе мора да ја напушти Ворскла од Украина.

Македонскиот репрезентативец потпиша за овој тим пред само неколку недели, а сега изгледа ќе треба да си замине.

Имено, Минстерството за надворешни работи на Македонија ги повика сите македонски граѓани кои се во можност во најскоро време да ја напуштат Украина. Причина е ситуацијата помеѓу оваа земја и Русија која е загрижувачка.

„Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата“, велат од МНР.

Така Зајков ако ги почитува препораките ќе треба да бара нова средина.