петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалери денес против Украина за продолжување на сонот за пласман на ЕП 2024 година

Македонските фудбалери денес против Украина за продолжување на сонот за пласман на ЕП 2024 година

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска гостува во Прага на Украина, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбале кое наредната година ќе се одржи во Германија. Натпреварот во Прага ќе започне во 15 часот.

Првиот натпревар на овие две репрезентации, одигран на 16 јуни во Скопје заврши со триумф на Украина од  2:3. Македонија имаше предност 2:0 и целосна контрола врз играта и резултатот 60 минути. На крајот Украинците успеаја да направат пресврт.

Англија е лидер во нашата Ц-група со 13 поени пред Италија, Украина и Македонија со седум, Малта е без освоен бод. Напомена Италија има натпревар помалку од конкурентите во групата.

За kurir.mk od Прага

Бошко Тасиќ