недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалери и гостуваат на Грузија во Лигата на нации – Трајковски трет ден со температура, Велковски повреден

Македонските фудбалери и гостуваат на Грузија во Лигата на нации – Трајковски трет ден со температура, Велковски повреден

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Тбилиси и гостува на Грузија во рамки на претпоследниот натпревар во групата 4 од Ц-Дивизијата во Лигата на нации.

Македонскиот состав предводен од селекторот Благоја Милевски најави дека ќе оди на победа против лидерот во групата, и покрај проблемите со многу повредени играчи.

Во црвено – жолтиот дрес вечерва ќе ги нема стандардните Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов, а ќе недостасуваат уште неколкумина повредени играчи.

Александар Трајковски веќе трет ден е со температура и за жал не се знае дали ќе може да настапи. Ако до пред ден, два, за оваа ситуација се веруваше дека е само негова реакција на промена на временска зона, авионски летови, аклиматизација и слично сега тоа повеќе не е така.

Да биде ситуацијата уште полоша, на вчерашниот тренинг мала повреда доживеа и Дарко Велковски кој исто така е незивесен за вечерашниот дуел.

Грузија води на табелата со 10 бодови и за промоција во Б – Дивизијата ќе и биде доволен и бод, додека избраниците на Милевски ќе треба да триумфираат најмалку со три голови разлика, а в понеделник да ја совладаат и Бугарија во Скопје, за да изборат пласман во повисок ранг во Лигата на нации.