Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи до 19 години денес загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Србија во рамките на првото коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.
Двоен стрелец на денешната средба на тренинг центарот „Петар Милошевски” беше напаѓачот Марко Лазетиќ. Напаѓачот на гостинската репрезентацијата во 35. минута од пенал го постигна првиот гол на мечот. Во 80. минута погоди за зголемување на предноста на Србија на 2:0.
Единствениот погодок за „црвено-жолтите“ го постигна Зенку во 86. минута од средбата.
Избраниците на селекторот Неџат Шабани одиграа добар меч против силниот противник, може да жалат за неколку добри пропуштени прилики.
Шабани натпреварот го почна со следните 11: Тасев, Серафимов, Османи, Младеновски, Павлевски, Трајков, Мурати, Елези, Ангелов, Ташов, Чилафи. (МИА)