среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалерки до 17 години поразени од романските врснички

Македонските фудбалерки до 17 години поразени од романските врснички

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.

Средбата се одигра денеска во градот Буфтеа, а клучниот момент се случи во 65. минута кога Македонија остана со играч помалку поради црвениот картон што го заработи Катерина Петкова.

Романките поведоа преку Дениса Пинзариу во 28. минута, изедначи Викторија Стрика во 47. минута, а домаќинките победата ја обезбедија во судиското надополнување со голот на Марија Кристеа.

Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 19 август, исто така на Националниот стадион во Буфтеа.