Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години претрпе висок пораз денес од Шкотска на квалификацискиот турнир за Европско првенство (Б лига) во Албанија. Шкотланѓанките славеа победа со 9:0 (полувреме 4:0).
Турнирот стартуваше денес и ќе се игра до 14. Март.
Во групата 3 се наоѓаат и Азербејџан и домаќинот на турнирот, Албанија.
Следните средби „црвено-жолтите“ ќе ги имаат на 11 март против селекцијата на Азербејџан и на 14 март со Албанија. (МИА)