петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалерки поразени од Косово во Лигата на нации

Македонските фудбалерки поразени од Косово во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација го претрпе вториот пораз во новоформираната Лига на нации на УЕФА, откако попладнево во Скопје загуби од Косово со 2-0 (2-0).

Гостинските фудбалерки во првото полувреме искористија две грешки во македонската одбрана и со головите на Валентина Лимани во 20 минута и на Валентина Метај во 41 минута стекнаа предност која на крајот се покажа недостижна за избраничките на селекторот Кирил Изов.

Македонските фудбалерки одиграа многу поквалитетно по продолжението, но капитенот Гентијана Рочи, во два наврати, и Елма Шемсовиќ не искористија идеални шанси за погодок.

По стартниот пораз во групата 5 од Ц-дивизијата од Бугарија (1-0) во Скопје минатиот месец, македонските фудбалерки на 31 октомври го играат реваншот против Косово во Приштина, по што во завршното коло на 5 декември гостуваат во Бугарија.