четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалерки скокнаа за 12 места на ранг листата на ФИФА

Македонските фудбалерки скокнаа за 12 места на ранг листата на ФИФА

Женската фудбалска репрезентација направи скок од 12 места на последното ФИФА рангирање.

Нашиот национален тим оваа година одигра четири натпревари и запиша три порази и една победа. Избраничките на Кирил Изов завршија претпоследни во групата Г во квалификациите за Европското првенство.

Од европските репрезентации, само Андора е послаборангирана од нас. Македонија моментално стои на 117. место со 1.097 поени.

На врвот е САД пред Германија, Франција, Холандија, Шведска, Англија, Австралија…