четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалерки триумфираа на гостувањето во Казахстан

Македонските фудбалерки триумфираа на гостувањето во Казахстан

Македонската женска фудбалска репрезентација со победа ги заврши квалификациите за Европското првенство. На гостувањето во Алмати, попладнево е совладан Казахстан со 3:0.

„Црвено-жолтите“ и покрај фактот што на ова гостување беа без селекторот Кирил Изов, дуелот го започнаа мотивирано и уште во раната фаза го отворија резултатот. За тоа најзаслужени беа капитенката Наташа Андонова и Гентјана Рочи. Андонова асистираше, а Рочи ја совлада домашната голманка и на Македонија ѝ донесе водство во 11. минута. Нешто подоцна, Андонова повторно асистираше, а Рочи повторно погоди за удвојување на предноста на 2:0, додека до крајот на првиот дел мрежата на Казахстан ја стресе уште Елма Шемсовиќ.

Со шест бодови македонската репрезентација ги заврши квалификациите на четвртото место на табелата. (МИА)