сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските навивачи на ЕУРО 2021 во Букурешт ќе може да се задржат само 48 часа

Македонските навивачи на ЕУРО 2021 во Букурешт ќе може да се задржат само 48 часа

Македонската фудбалска репрезентација ќе може да има поддршка од нашите навивачи на Европското првенство оваа лето во Букурешт, но за секој македонски навивач патувањето во Романија ќе биде комплицирано.

Здравствените власти на Романија, во договор со претходната одлука на Владата да се дозволи одредено присуство на навивачи на натпреварите од ЕВРО 2021, денеска одлучија сите секој странски навивач да не може да се задржува повеќе од 48 часа во Романија.

Одлучено на Националната арена во Букурешт да биде дозволено присуство на 13.000 навивачи (25% од капацитетот на стадионот) за натпреварите на Македонија против Австрија и против Украина, од кои дополнитено ќе биде одлучено колку ќе им припаднат на македонските навивачи.

Последната одлука на романската Влада за исклучиво 48-часовно задржување ќе значи дека оние македонски фанови кои ќе бидат на дебито на Македонја против Австрија на 13. јуни, веднаш по натпреварот ќе мора да ја напуштат земјата, а доколку сакаат да го следат следниот натпревар на 17. јуни против Украина ќе мора да допатуваат ден пред натпреварот и веднаш по него да ја напуштат земјата.