понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед до крајот на сезоната без Мартинез

Манчестер јунајтед до крајот на сезоната без Мартинез

Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед објави дека до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на аргентинскиот централен дефанзивец Лисандро Мартинез поради фрактура на коската на стапалото.

Мартинез се повреди во 86. минута од првиот четвртфинален дуел против Севиља во Лига Европа, на кој на полувремето поради повреда беше заменет и вториот стопер на Јунајтед, Рафаел Варан.

Јунајтед објави дека Варан ќе отсуствува од терените „неколку недели“.

Составот од „Олд Трафорд‘ во претстојниот месец и половина го чека пеколен распоред. Покрај Лига Европа и домашното првенство во кое се бори за едно од првите четири места што водат во Лигата на шампиони, Манчестер јунајтед наскоро го очекува и полуфиналето во англискиот ФА куп.  (МИА)