Англиските медиуми пренесуваат информација дека во текот на денешниот ден се случил трансфер во кој главната улога ја играл Манчестер Јунајтед.
Имено „ѓаволите“ во последен момент испратиле повисока понуда за левиот бек на Феенорд, Тајрел Маласија кој барем досега беше пред потпис со тимот на Лион.
Феенорд бил пред прифаќање на понудата на Лион за својот фудбалер, но тогаш во игра влетал Манчестер Јунајтед кој на барање на Тен Хаг запнал за ангажман на играчот.
Дека има вистина во овие написи потврдија и од Феенорд, односно нивниот спортски директор, Франк Арнесен.
– Договорот е постигнат, сега чекаме на Тајрел. Ако каже „да“, тогаш трансферот во Манчестер Јунајтед веднаш ќе се реализира, -изјави Арнесен.