Англискиот фудбалски великан Манчестер јунајтед веќе три натпревари е без победа во Премиер лигата за прв пат сезонава. Избраниците на тренерот Ерик тен Хаг имаат два пораза и еден нерешен резултат со гол-разлика 0:9.
Манчестер јунајтед денес загуби од Њукасл (0:2) во 29. коло. Претходно ремизираше со Саутемптон (0:0), а беше пораз претрпе од Ливерпул (0:7).
Серијата од три натпревари без победа во Премиер лигата е прва за „црвените ѓаволи“ од април 2022 година.
Во следниот натпревар од Премиер лигата, Манчестер јунајтед на 5 април ќе му гостува на Брентфорд. (МИА)