Eрик Тен Хаг продолжува со својата работа во Манчестер Јунајтед, навивачите сметаат дека холандскиот стратег е вистинскиот човек да го врати тимот во битката за титулите како во Англија, така и во Европа. Денес Тен Хаг потврди дека се продолжени договорите со четворица фудбалери.
Во претсојниот преоден рок можеби ќе има промени во Манчестер Јунајтед, меѓутоа Маркус Рашфорд, Лук Шо, Фред и Диого Далот сигурно ќе останат во клубот.
Овие четворица фудбалери потпишале договор до крајот на 2023 година со опција и за продолжување.
Договорите на четворицата истекуваа летово, но Јунајтед ја искористи клазулата за автоматско продолжување и спречи тие да си заминат бесплатно.
„Тимот оди во добра насока и среќни сме поради тоа, ова се играчи кои имаат голем придонес во нашиот пат. Сакаме да се развиваме и да продолжиме каде што застанавме. Создаваме тим за иднината на долги патеки“, изјави Тен Хаг.