среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед ги продолжи договорите со четворица првотимци

Манчестер јунајтед ги продолжи договорите со четворица првотимци

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди денеска дека на четворица фудбалери од стартниот тим им се продолжени договорите до лето 2024 година, а станува збор за англиските репрезентативци Маркус Рашфорд и Лук Шо, бразилскиот репрезентативец Фред и португалскиот репрезентативец Диого Далот.

Сите четворица потпишаа основни договори со Манчестер јунајтед до идното лето, но во нив е вклучена и клаузула која на клубот му овозможува да ги задржи дополнително уште една година во своите редови.

„Среќни сме бидејќи екипата се движи во вистинска насока, а овие играчи во тоа дадоа голем придонес“, изјави Тен Хаг за клупскиот сајт.

„Ја составуваме за во иднина, на долг временски период, а овие играчи мораат да бидат дел од таа екипа“, посочи холандскиот стратег на клупата на Јунајтед.