Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го доведе холандскиот интернационалец Френки де Јонг.
Новиот менаџер Ерик тен Хаг, кој ќе го преземе кормилото на тимот на почетокот на следната сезона, проектирал дека Хари Мегваер, кој во моментот ја носи капитенската лента на „ѓаволите“, нема да биде во стартниот тим, па раководството на Манчестер Јунајтед ќе го понуди како дел од евентуална размена за Френки де Јонг.