среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед го отпушти тренерот Солскјер

Манчестер Јунајтед го отпушти тренерот Солскјер

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер денеска очекувано доби отказ на местото тренер на Манчестер јунајтед, ден по високиот пораз на премиерлигашкото гостување против Ватфорд (1-4).

Одлуката за предвремено раскинување на соработката со Солскјер беше објавена по претпладневниот итен состанок на клупското раководство.

Како што е соопштено, Јунајтед привремено ќе го води тандемот Дарен Флечер и Мајкл Карик, а британските медиуми наведуваат дека долгорочно решение на клупата најверојатно ќе биде поранешниот тренер на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан.