Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед има намера да го задржи Пол Погба на „Олд Трафорд“ и му понудиле најголема плата во историјата на Премиер лигата.
Пол Погба, сега се наоѓа во ситуација да преговара со други клубови, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Челниците на Јунајтед биле подготвени да му дадат речиси двојно поголема плата на Погба од актуелната.
Францускиот репрезентативец заработува 290.000 фунти неделно, а со новиот договор платата би му била 500.000 фунти.
Доколку ја прифати понудата, Погба ќе стане играчот со најголема плата во Премиер лигата.