Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед веќе од поодамна ја подготви трансфер-листата за продажба а на неа е Бразилецот Фред за кого „црвените ѓаволи“ бараат 20 милиони фунти.
Според последните информации на „Атлетик“, прв во редот за ангажман на Фред застана лондонски Фулам, кој веќе наводно ќе почне преговори со „ѓаволите“ најмногу во делот за начинот на исплата на парите.
Фред стана прекуброен кај Ерик Тен Хаг, особено откако за 60 милиони фунти Јунајтед го договори англискиот репрезентативец Мејсон Маунт како засилување за средината на теренот за новата сезона.