петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед и Џим Ратклиф се договорија

Манчестер Јунајтед и Џим Ратклиф се договорија

Како и другиот заинтересиран инвеститор, така и Џим Ратклиф, имаа богати понуди да го откупат целиот пакет, но очигледно сопствениците на Јунајтед не се согласија на тоа.

Но она што е секако интересно за фановите на Манчестер Јунајтед, е дека Џим Ратклиф ќе преземе контрола во еден сегмент од клубот, а тоа ќе биде околу трансфер политиката.

Се верува дека по евентуалното преземање на пакетот од 25% акции во клубот, Џим Ратклиф ќе го преземе раководењето на фудбалските операции околу трансферите и ќе се обидат да го вратат клубот на европската мапа на фудбалот.

Компанијата Инеос која има акции во повеќе клубови низ повеќе спортови во светот, сега и дефинитивно влегува и во Манчестер Јунајтед.