Англискиот фудбалер Џејдон Санчо би можел да го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок и да се врати во Борусија Дортмунд.
Клубот од „Олд Трафорд“ го доведе Санчо пред две години за 85 милиони евра токму од германскиот клуб, но тој не се наметна како играч во тимот на „црвените ѓаволи“.
Оваа сезона Санчо забележа 34 настапи, дел од нив како играч во првиот тим. Има шест погодоци и асистираше за два гола, но според управата на клубот тоа не е доволно за цената што ја има платено за него.
Санчо додека настапуваше во Борусија Дортмунд има постигнато 50 и „намести“ 64 гола на 137 натпревари од 2017 до 2021 година.