Манчестер јунајтед е подготвен да започне преговори со голманот Давид Де Хеа за продолжување на договорот, објавија британските медиуми.
Актуелниот договор на Шпанецот истекува во летото 2023 година, но „црвените ѓаволи“ бараат да го обноват договорот со играчот.
Стручниот штаб, но и шефовите на клубот се импресионирани од настапите кои фудбалерот ги покажа оваа сезона. Убедливиот настап на голманот го поттикна раководството на тимот да помисли дека договорот на играчот треба однапред да биде продолжен.
Друг фактор кој влијае на желбата на „црвените ѓаволи“ да преговараат пред време е проблемот со договорот на Пол Погба.
За потсетување, преговорите со францускиот играч за врска се во ќорсокак и тој во блиска иднина може да го напушти тимот. (МИА)