петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед на голема мака: Повредени напаѓачите Лукаку и Ибрахимовиќ

Манчестер Јунајтед на голема мака: Повредени напаѓачите Лукаку и Ибрахимовиќ

Екипата на Манчестер Јунајтед во следниот период ќе биде без помошта на двајца напаѓачи, кои се повредени.

Лукаку се повреди на вчерашниот дуел против Саутемптон на самиот почеток на натпреварот, а менаџерот Жозе Мурињо веднаш го повлече од игра. Лукаку доби повреда на главата по еден воздушен дуел со противнички играч.

– Не размислувавме многу, веднаш го извадив од игра и нема да игра на следните два натпревара со Евертон во понеделник и против Дерби во ФА купот, изјави Мурињо.

Повреда на коленото има и Златан Ибрахимовиќ и според зборовите на менаџерот на „црвените ѓаволи“ тој ќе паузира околу еден месец. (МИА)