недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед неколку недели без повредениот Погба

Манчестер Јунајтед неколку недели без повредениот Погба

Францускиот играч за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ќе отсуствува од фудбалските терени неколку недели, откако го повреди десниот бут за време на саботниот натпревар против Евертон (3:3), обелодени вечерва тренерот Оле Гунар Солскјер.

– Тоа е повреда што бара неколку недели рехабилитација. Тој штотуку го започна процесот на закрепнување во координација со медицинскиот тим на клубот и ќе го вратиме на теренот што поскоро и безбедно. Пол ни е многу важен и нема да ризикуваме, изјави Солскјер.

Меѓу натпреварите што Погба ќе ги пропушти поради повредата се пресметките против Вест Хем во англискиот ФА куп, во вторник, и против Реал Сосиедад во рамки на шеснаесетфиналето во Лига Европа, на 18 и 25 овој месец.