Манчестер јунајтед испрати понуда за крилото на Ајакс, Ентони. Според „Goal.com“, англискиот клуб понудил 60 милиони евра за 22-годишниот фудбалер, но Ајакс бара 80 милиони евра.
Агентите на Бразилецот вршат притисок врз Ајакс бидејќи сакаат клубот да ја прифати понудата од Манчестер јунајтед.
И самиот фудбалер сака да се пресели на „Олд Трафорд“, но е свесен дека преговорите меѓу клубовите ќе бидат тешки.
Холандскиот клуб се надева дека ќе успее да го задржи Ентони уште една сезона. Новиот менаџер на Ајакс, Алфред Шројдер се надева дека тој ќе остане во клубот.
Минатата сезона Ентони имаше 33 настапи за Ајакс во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 10 асистенции.