петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед планира да го врати Де Хеа во тимот?

Манчестер Јунајтед планира да го врати Де Хеа во тимот?

Таблоидот „Сан“ тврди дека премиерлигашот размислува да му понуди на Де Хеа да се врати на „Олд Трафорд“, со што би бил замена за отсутниот Онана и повторно би бил во конкуренција за прв голман на „црвените ѓаволи“.

Де Хеа е без ангажман откако летоска се збогуваше со Манчестер Јунајтед, а во тимот покрај Онана сега Алтин Бајиндир и Том Хитон.

Навивачите и соиграчите на Де Хеа не беа задоволни од начинот на кој клубот се однесуваше со долгогодишниот голман и фактот што ја повлече веќе прифатената понуда во последен момент.