Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, објави АС. Според извештаите на медиумите, 31-годишниот Хрват има намера да го напушти каталонскиот тим.
„Црвените ѓаволи“ разговараат за договор со Каталонците за купување на Хрватот.
Барселона сака да добие најмалку 34 милиони фунти за Ракитиќ.
Интерес за Ракитиќ пројавува и калчолигашот Интер.
Оваа сезона Ракитиќ одигра шест натпревари за Барселона и немаше некој забележителен ефект. Неговиот договор со Шпанците важи до 30 јуни 2021 година.
Вредноста на хрватскиот репрезентативец на фудбалскиот пазар се проценубва на 35 милиони евра.