среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед се засили со Маунт

Манчестер јунајтед се засили со Маунт

Манчестер јунајтед денес го објави трансферот на играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт.

Претходно беше објавено дека 24-годишниот Англичанец ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ според шемата 5+1.

Маунт потекнува од младинската школа на Челзи. За „Сините“ од Лонодн забележа 195 настапи, постигна 33 гола и 37 асистенции.

Во сезоната 2022/23, играчот од средниот ред постигна три гола и шест асистенции на 35 натпревари за тимот.