Дејвид Орштајн кој е добро познат новинар во Англија кој ретко пренесува непроверени шпекулации денеска објави дека Манчестер Јунајтед презел конкретни чекори во намерата да ангажира еден играч од средниот ред.
Приоритет на Тен Хаг е засилување во „срцето“ на тимот, односно во средината на теренот каде главна желба е Френки Де Јонг.
И додека од клубот го чекаат Холанѓанецот, но и Барселона за да се реализира трансфер, наводно веќе била упатена понуда за соработка до Кристијан Ериксен.
30 годишниот дански фудбалер е слободен агент и без обесштетување може да ја промени средината, а наводно Тен Хаг со задоволство би сакал да го види Ериксен на „Олд Трафорд“.
Во текот на вчерашниот ден излегоа информации дека Ериксен е во сериозни преговори и со Тотенхем и Брентфорд, а сега Манчестер Јунајтед излегува како последна опција за одличниот фудбалер.
Самиот Ериксен истакна дека ќе му биде многу важно да игра во Лигата на шампионите уште еднаш, но нагласи дека тоа нема да е пресудно за изборот на следниот клуб.