петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити ги отвори вратите на стадионот за медицинските работници

Манчестер сити ги отвори вратите на стадионот за медицинските работници

Манчестер Сити им го предаде својот стадион „Етихад“ на Националниот здравствен центар во борба против коронавирусот.

Со оглед на фактот дека фудбалот е во мирување најмалку уште еден месец, јасно е дека на Сити нема да му биде потребен стадионот. Тој сега ќе им биде на располагање на медицинските работници.

Тука ќе бидат извршени обуки за медицински сестри, техничари, волонтери и друг медицински персонал потребен за што поквалитетна грижа за пациентите во време на пандемијата.