Англискиот весник „Дејли Мејл“ пренесе информација поврзана со трансфер активностите на новиот англиски шампион, Манчестер Сити.
„Граѓаните“ биле подготвени да се ослободат од двајца свои играчи кои важат за клучни алки во тимот на Пеп Гвардиола.
Станува збор за крилните фудбалери Рахим Стерлинг и Ријад Марез кои веќе неколку сезони се меѓу најдобрите играчи на тимот од „Итихад“.
Манчестер Сити ќе ги слуша понудите за двајцата играчи, а со парите од нивните евентуални трансфери ќе се обиде да го ангажира Хари Кејн кој е трансфер цел број еден на Гвардиола, а се споменува ангажман и на Џек Грилиш од Астон Вила.
За Марез интерс имало од тимот на Арсенал, додека подолг период за Стерлинг се интересираат од таборот на Реал Мадрид.