Откако по три години не освои ниту Лига на шампиони, ниту Златна топка, Кристијано Роналдо сака да го напушти Јувентус.
Новинарот Фабрицио Романо, јавува дека агентот на португалскиот напаѓач го контактирал Манчестер Сити и дека Англичаните сакаат да го доведат Роналдо, но не сакаат да платат отштета.
Роналдо има договор со Јувентус на уште една година и торинскиот клуб за него бара 25 милиони евра, 75 милиони помалку, отколку што платија за него на Реал Мадрид во 2018-та година.
„Ситуацијата со Сити е комплицирана, а Јувентус и понатаму е уверен дека Роналдо ќе остане“– додава Романо.