Актуелниот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити е во потрага по ново засилување за одбраната пред почетокот на новата сезона.
Според островските медиуми, прва трансфер цел на Гвардиола е дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш.
„Граѓаните“ нудат 30 милиони евра, додека неговиот клуб бара 50 милиони евра.
Мендеш за Спортинг минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна еден гол, за репрезентацијата на Португалија има пет настапи.