Фудбалската репрезентација на Италија ќе игра во финалето на Европското првенство на „Вембли“ против домаќинот Англија.
Последна пречка пред Италија ќе биде „Гордиот Албион“ во големото финале. Селекторот Роберто Манчини даде краток, но многу интересен и моќен коментар.
„Пласманот во финалето не е доволен, успех ќе биде само ако победиме в недела. Да, ние одработивме добро на турнирот, но на крајот се паметат само победниците“, смета Манчини.
Англија со сите сили се обидува прв пат во историјата да го освои трофејот на Европското првенство и по 55 години да донесе титула од големите натпреварувања на Островот.