Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, го критикуваше форматот на Светското првенство кое во 2026 година заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада, јавија денеска италијанските медиуми.
На следниот фудбалски Мундијал, за прв пат во историјата, ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи. Пласман во шеснаесетфиналето ќе изборат по две најдобро пласирани репрезентации во групната фаза, како и осум најдобро третопласирани селекции.
„Не ми се допаѓа новиот формат на Светското првенство. Верувам дека требаше да се играат помалку натпревари, а не повеќе. Играчите немаат одмор ј на натпреварите ќе дојдат уморни“, истакна Манчини.
На СП2026 ќе бидат одиграни вкупно 104 натпревари.