Роберто Манчини веднаш после победата на Италија над Белгија излезе пред камерата на РАИ Спорт.
Истакна дека неговиот тим ја заслужил победата, нагласувајќи дека го контролирале мечот во секој момнет, освен во последните 10 минути од мечот.
„Ја заслуживме победата. Моите играчи одигра одично, а во последните десет минути се мачеа зошто беа уморни. Сепак, можевме порано да постигнеме уште некој гол и потполно да го решиме мечот“– кажа Манчини, па мораше да одговори на прашање зошто Италија се мачела во првите 25 минути.
„Јас не видов 25 минути на почетокот на мечот, а сите за тоа говорат. Шансите на двете страни беа подеднакви, беше тоа отворен натревар. Кога Белгијцините почнаа да играат на долги топки пред крајот на мечот, имавме проблеми, но издржавме.“